Необичната сцена е снимена за време на четиричасовниот лет до Њујорк, а меѓу патниците била и тиктокерката Савана Говарти.
Таа објави клип кој за краток период го погледнале 3,6 милиони луѓе. Таа не открива со кое друштво патувала.
На видеото гледаме кабина полна со необична магла, а девојка со видно мокра коса и лице вели: „Што се случува?“.
Савана во еден момент ја соблекла натопената бела кошула и ја фрлила преку потпирачот, надевајќи се дека ќе се исуши, пишува Дејли Стар.
„Четиричасовен лет. Ладно ми е“, изјавила девојката пред камерата.
Пилотот на авионот, наводно, ја коментирал ситуацијата со зборовите: „Изгледа како да врне во авионот“.
Нереалната сцена била резултат на кондензација на вода во системот за проток на воздух и уредите за ладење, пишува New York Post.