Летот AC056 на Air Canada (AC) од Торонто до Дубаи беше одложен шест часа откако еден од патниците падна на пистата на аеродромот во Торонто, откако нормално се качил во авионот, а потоа ја отворил вратата од спротивната страна на авионот.
Претставници на компанијата неодамна потврдија дека патникот се здобил со „релативно полесни повреди од паѓање“ на асфалтната површина, како и дека по падот од висина од шест метри бил „пренесен во локална болница во состојба на неволја“, јави Индипендент.
„Можеме да потврдиме дека се испочитувани сите наши процедури за качување“, велат претставници на компанијата, која во последните месеци беше на насловните страници на различни медиуми поради неколку инциденти.
Ова не е прв пат Air Canada да излезе на насловните страници: компанијата исто така мораше да плати казна од 97.500 канадски долари (66.500 евра) откако кабинскиот екипаж го игнорираше барањето на патник со хендикеп да му помогнат со неговата инвалидска количка во ноември 2023 година на аеродромот во Ванкувер (YVR), за што опширно известуваше канадскиот јавен сервис CBC.
Два месеци пред овој инцидент, во септември 2023 година, компанијата се бореше со наводите од патниците дека биле принудени да седат на седишта каде некој повраќал. „Ер Канада“ се извини, признавајќи дека засегнатите патници „очигледно не го добиле стандардот на услугата што им следува“, објави Си-Ен-Ен.
Во последниот бизарен инцидент што се случи пред 10 дена, патник падна од Боинг 777 (регистрација C-FIUV сериски број 35248, стар речиси 16 години) кој требало да лета од аеродромот во Торонто (YYZ) до Дубаи (DXB) на лет кој според распоредот траел речиси 13 часа.
Наместо во 21:35, авионот полетал во 03:27, што се одразило и со доцнење на слетувањето: наместо да пристигне во Дубаи во 19:50, авионот слетал дури во 01:26.