Кејт Мидлтон имаше тренинг со спортисти за време на нејзината посета на Олимпискиот парк. Војвотката е покровител на организацијата која ги поддржува спортистите.
Дури и на пистата, Мидлтон повторно го демонстрира својот неверојатен стил. Таа пристигна во спортско-елегантна облека. Кејт носеше зелени панталони на “Зара“ и блуза во иста боја со црн блејзер од колекцијата на Манго.
Целата комбинација беше заокружена со бели патики од марката Маркс и Спенсер кој во слободна продажба чинат само 35 евра. Интересно е што само по неколку часа откако Кејт е сликана со патиките, овој модел за еден час бил распродаден.