Пред неколку дена, сите светски медиуми ја објавија информацијата дека Парис Хилтон е бремена, а веста веднаш го преплави Интернетот. Порано или подоцна, старлетата и богата наследничка им се обратија на медиуми и – ги демантираше гласините.
– Јас не сум бремена. Се уште не – рече Парис и искрено додаде:
– Чекам додека не помине свадбата. Моментално шијам венчаница и сакам да бидам сигурна дека ќе изгледа убаво и дека ќе ми стои совршено.
Хилтон рече дека не е сигурна како започнале овие гласини.
Таа додаде дека е навикната на такви озборувања.
– Тие гласини дефинитивно не се точни – рече Парис и призна дека едвај чека да има деца.
Како што истакна, се надева дека следната година ќе стане мајка, а нејзината ќерка ќе се вика – Лондон, додека синот исто така ќе носи име на град или земја.
– Ќе биде изненадување, не сакам никој да ми го украде името за тоа дете. Почекајте до 2022 година, нема да можете да верувате во она што го читате – најави Хилтон.
Comments are closed.