Охриѓани се уште не знаат дали Светска банка ќе одобри 1.2 милиони евра за нов градски кеј, експертите со разни мислења околу целата ситуација.
„Реконструкцијата на кејот е предвидена да се гради во должина од 1км со навлегување во езерото од 95см. што според мислењето на Хидробиолошки завод нема да предизвика еколошки проблеми во тој дел.“ – вели Трајче Талевски Хидробиолошки институт.
„Колку влегуваме подлабоко во тој дел и се правата поголеми проблеми,езерото нема да биде мирно и ќе врши ерозија. Може да се соочиме со големи ударни бранови и да бидат оштетени објекти.“ – вели Лазо Наумоски екологист.
Последното оштетување е голема пукнатина на пристапните места на пристаништето која ја предизвикале пролетните циклони.Но иако при секое невреме тие оштетувања се се поголеми не ја загрзоуваат безбедноста на објектот вели капетанот Горан Устијаноски но смета дека потребна итна санација оти станува збор за стара градба од 1938 година.
Извор: 24 ВЕСТИ