Сите пречки за признавање на руската вакцина против корона „Спутник V“ во Светската здравствена организација (СЗО) се отстранети, а некои административни процедури остануваат, изјави министерот за здравство на Русија, Михаил Мурашко.
„Позицијата на Русија за регистрација и промоција на руската вакцина „Спутник V“ е целосно земена предвид. До денес, ги решивме сите прашања. Сега е неопходно компанијата, која се занимава со регистрација на вакцината во СЗО, да ги потпише и достави документите. Тоа е административна постапка. До денес, сите бариери се отстранети, не гледаме пречки за понатамошна работа. Ова го потврди генералниот директор на СЗО“, истакна Мурашко по средбата со претставниците на САД во Женева.
Тој додаде дека Русија разговарала со САД за взаемно признавање на ковид-сертификатите.
„Ги слушавме аргументите, разбираат дека е рационално. Одобрување на вакцината за продажба на пазарот и одобрување за превенција од ковид се различни процеси. Мислам дека нашите колеги се компетентни, информирани, дека ќе ги анализираат нашите зборови и дека ќе се вратиме на тој разговор“, додал рускиот министер.
Темата за взаемно признавање на сертификатите за вакцинација се разговарала и за време на билатералните контакти на руската делегација со други земји-членки на СЗО, конкретно Франција, Кенија и други.
„Тие, меѓу другото, разговараа и со Америка. За САД, тоа прашање е актуелно. Беа дискутирани пристапи, вклучително и проценка на ефективноста на вакцините, без процедури за преквалификација на вакцините за продажба на пазарот. Ова беше дискутирано во СЗО“, прецизира Мурашко.