Од коронавирус почина докторката Билјана Ичева

by Тони Зографски

Уште едно медицинско лице од Македонија ја изгуби битката со коронавирусот.

На 61-годишна возраст вчера почина докторката Билјана Ичева. Ичева која беше вработена во Негорските минерални бањи била хоспитализирана на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби , но за жал не успеала да се избори со вирусот.

Нејзиниот сопруг, д-р Божин Ичев, кој исто така е заразен сѐ уште се лекува на инфективната клиника во Скопје.

Докторката Ичева беше специјалист физиотерапевт, а заврши Медицински Факултет во Скопје. Зад себе остави две деца.

 

останати вести