Како што пренесува Лос Анџелес Тајмс, комеморацијата на Коби Брајант и на ќерка му Џиана ќе биде одржана на 24 фебруари во ‘“Стејпл центар“. Овој датум е избран поради бројот 24 кој ја одбележа кариерата на Коби во Лос Анџелес Лејкерс, додека бројот 2 кој го носела Џиана на својот дрес, го симболизира вториот месец во годината.
Една од идеите била комеморацијата да се одржи на фудбалски стадион за да може да пристуствуваат погомем број луѓе, но на крајот изборот е на местото каде што Коби Брајант ја испиша својата кошаркарска историја.
Инаку, веќе е сигурно дека местата во Стејпл центар за комеморацијата ќе бидат лимитирани и строго ограничани. Засега нема информација околу сатницата и дали ќе се наплатуваат влезници.
За потсетување, Коби Брајант загина на 26. јануари во хеликоптерска несреќа. Тогаш смртно страдаше и неговата ќерка Џиана и уште седум лица.