Во женскиoт фудбал, Швајцарките Алиша Леман и Рамона Бакман освен што се противнички на теренот, тие во приватниот живот се во врска која не ја кријат. Алиша (20) настапува за Вест Хем, а Рамона (28) за Челзи.
“ Таа беше мој идол кога почнав со фудбалот. Одлична е, има техника, брзина, но ако постигне гол против мојата екипа тогаш не се чувствувам добро“ изјави за швајцарски “Блик“ Алиша Леман која од порано и фрлила око на Рамона.
“ Многу ми значи мислењето на Алиша. Таа знае дека ја разбирам и одлично функционираме“ – вели Рамона.
Инаку, оваа двојка од швајцарските медиуми има поддршка што побргу да се венча.
https://www.instagram.com/p/BnzLWL0HlGB/