Откако се ожени со Меган Маркл, принцот Хари многу се променил, односно станал мрзелив и незаинтересиран – открива новинарот на “Сан“, Данкан Ларкомбе кој со години пишува за кралското семејство.
“ Од кога Хари е со Меган тој е сосема друг човек. Претходно беше обичен дечко заробен во кралскиот свет. Обично, по завршување на прес конференциите се дружеше со новинарите на неформални вечери. Сега се се промени. Стана мрзелив и незаинтересиран, и воопшто не се дружи со медиумите како порано. Хари го смени односот и кон персоналот во палатата. Сега се држи на дистанца и нема приватни разговори како порано. Мислам дела Меган во целост го контролира нивниот приватен живот, Таа своите фрустрации ги насочи кон своето опкружување“, вели Ларкомбе.
Според него, се ова може да се промени во април, кога Меган Маркл треба да се породи.