Четворица патници кој се враќале од хундиски аџилак умреле порад високите температури откако климата во еден индиски воз се расипала. Температурата во Индија вчера се искачила на 48 степени – јавува АП.
Официјално лице на железницата, Маноџ Кумар информирал дека четири лица, од 69 до 81 година возраст, кои биле дел од групата која се враќала од јужната држава Керал, по посетата на светиот град Варанас во северна Индија, починале од високите температури.
Кумар рекол дека на луѓето им се слошило во возот, а докторите на станицата Џанси можеле да констатираат само смрт.