Со длабоко жалење објавуваме дека Изборот за песна на Евровизија кој требаше да се одржи во Ротердам, Холандија, е откажан поради ситуацијата со Ковид-19! – се вели во соопштението од ЕБУ.
Јон Ола Санд, супервизорот истакна дека се длабоко разочарани од целата ситуација и дека во моментов се разгледуваат сите можности Ротердам да биде домаќин на овој музички натпревар, кој веќе 64 години ги поврзува луѓето ширум Европа, следната година.
„Им се заблагодарувам на сите кои беа инволвирани во евровизискиот процес годинава, но за жал, ова е надвор од наша контрола. Ветувам дека Евровизија ќе се врати посилна од кога било“, се вели во изјавата на супервизорот.
Инаку, Евровизијата требаше да се одржи од 12 до 16 мај. Се разгледуваат можностите во Ротердам да се одржи Евровизија во 2021 година. Македонски претставник годинава требаше да биде пејачот Васил Гарванлиев, со песната „ You“.