Бразилецот Нејмар минува низ доста тежок период од својата кариера. Фудбалерот на ПСЖ неодамна беше обвинет за силување а денеска во јавноста се појави видео со тепачката со манекенката Нажил Тринидад.
На видеото се гледаат двајцата во хотелска соба. Најпрво легнаа на кревет разговараа, но набрзо потоа дојде до кавга, а Нажил прва го нападна, а играчот на ПСЖ се одбрани и и’ возврати.
„Ќе те удрам, ти знаеш зошто. Затоа што ме претепа!“, викаше манекенката, а потоа Нејмар стана и видеото се прекина.
Откако оваа приказна ја потресе светската јавност, Нејмар ги објави голите фотографии оф Тринидад.