56-годишната кубанска глумица, Броселианда Eрнандез е пронајдена мртва на плажа во Мајами.
Глумицата е пронајдена oд случаен минувач, кој веднаш повикал полиција.
На нејзиното тело не се воочени траги од насилство – информира полицијата.
Семејството на Ернандез тврди дека актерката излегла да купи цигари во вторникот вечерта и дека после тоа не се вратила, ниту одговарала на телефонските повици.
Броселианда Ернандез која глумела во театар, филмови и телевизија во Куба повеќе од две децении, живеела во Мајами последните неколку години.
Таа се стекнала со слава во кубански сапунски опери во текот на 90-тите години на минатиот век.