ДЕНЕСКА Е ПОСЕБЕН ДЕН ЗА КОМЕНТАТОРОТ СТЕВАН: “Жено, среќна прва годишнина од бракот“ (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

by Тони Зографски

Откако со своите коментари од Келн, од завршницата на Лигата на шампионите во ракомет, станаа главни фаци во државава, на коментаторите Стеван Стевановиќ и Сретен Рашковиќ од “Арена спорт“ телевизија се следи секој нивен чекор, односно, секоја нивната објава на социјалните мрежи.

Особено на Фејсбук е активен Стеван, кој покрај фотките од дочекот на вардарци во Скопје, става и приватни фотки со неговата сопруга Вања.

Според последната објава, денеска е посебен ден за српскиот коментатор, бидејќи ја прославува првата годишнина од бракот со жена му Вања.

“16 јуни секогаш ќе биде значаен во нашите животи. Жено, нека ни е среќна првата годишнина од бракот“, напиша Стеван и постираше галеријата од црно-бели слики од венчавката.

 

останати вести