Во центарот на вниманието на канадската јавност деновиве е видео снимката на српски градежни работници кои во Торонто направиле журка со стриптизерка.
Фотографии најпрвин започнале да кружат на социјалната мрежа „Твитер“, а потоа испливаа и неколку снимки на кои може да се види како работниците ја прегрнуваат, бакнуваат и ја полеваат девојката со вотка.
Како што пренесуваат канадските медиуми, работниците, покрај скандалозната забава, не ги почитуваат ниту пропишаните епидемиолошки мерки.
Според информациите на српските медиуми, станува збор за „прослава“ на пензионирањето на еден од работниците – организирана е забава со стриптизерка, се слуша српска народна музика и се пие алкохол. Сепак, работниците се соочија со огромни проблеми откако снимката се појави во јавноста.
Наводно, веќе биле поднесени неколку барања за развод, а лицето кое што снимало и ги објавило материјалите на социјалните мрежи било физички нападнато и моментално е во кома. Приватната компанија Nelmar Drywall во која работеле веќе загубила милионски договори, а присутните на забавата добиле откази.