Во следните две недели Светската здравствена организација ги очекува првичните резултати од клиничкото тестирање на лекови кои би можеле да бидат ефективни во лекувањето на пациенти со Ковид-19, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Извршниот директор на СЗО, Мајк Рајан, на прес-конференцијата рече дека не би било паметно да се предвиди кога вакцината против Ковид-19 би можела да биде подготвена за масовна дистрибуција.