Познатата инфлуенсерка Александра Шијакоска, која пред неколку дена излезе од болница по операцијата на туморот на мозок, утрово со своите следбеници на Инстаграм сподели дека е повторно хоспитализирана.
Шијакоска сподели две фотографии, на кои напиша:
“Погодете кој е хоспитализиран повторно? Опоравувањето не одеше по планот и еве ме пак тука.“
“Многу ми е тешко. Да се навикнам на новата беспомошна и психички нестабилна јас. Никако не можам да ја прифатам оваа ситуација. Ме боли душата. Празна ми е. Како огромна дупка. Ќе го чекам тој сончев, среќен и убав ден со последните сили ако треба. Ќе чекам.“