Шеиха Махра Бинт Мохамед Бин Рашид Ал Мактум е омилената ќерка на суверениот владетел на Дубаи, шеикот Мохамед Бин Рашид Ал Мактум, кој има дури 25 деца од неколку сопруги.
Оваа арапска принцеза важи за една од најубавите, но и најбогатите. Нејзиниот приватен живот, како и врската со нејзиниот татко, не престануваат да ја интригираат јавноста. Девојката на саканиот шеик стана позната по тоа што никогаш не носела хиџаб и не ги почитува исламските закони, а парите ги троши насекаде во огромни количини.
Нејзиниот татко ѝ дозволил да прави што сака, давајќи ѝ слобода за која другите деца на Мухамед можеле само да сонуваат. Поради строгите правила што им ги наметнал на своите наследници, неговата ќерка Латифа се обидела да побегне од земјата.
Махра по раѓањето го добила името Кристина, но нејзините родители сепак името го промениле во арапско. Таа има 28 години и сè уште не се омажила, а скоро секогаш имаме можност да ја видиме на сите важни настани. Каде и да се појави, ги засенува сите останати со својот изглед, убавина и елеганција. Таа воопшто не ја крие својата бујна коса и лице, напротив. Дамите од арапскиот свет се воодушевени од нејзиниот стил, а таа често им е инспирација при изборот на модни комбинации.
Од друга страна, Шеиха Махра многу напорно работела на своето образование и дипломирала на Универзитетот во Британија и многу му помага на својот татко околу многу обврски.
Големата љубов кон коњите ја наследила од шеикот Мухамед, а во еден момент имала дури 11. Најскапиот вредел 3,6 милиони долари, а за нивна нега трошела околу четири милиони долари годишно. Според последните проценки, нејзиното богатство се проценува на една милијарда долари.
Медиумите многу пишуваат за неа, а извесен период беше и многу активна на социјалните мрежи, објавувајќи бројни детали од приватниот живот на Инстаграм. Многумина сметаат дека Махра немала многу забрани поради нејзината мајка, која по потекло е од Грција. Владетелот на Дубаи беше во брак со неа неколку години и добија две деца. Никој не ја знае причината за крајот на нивната љубов.
Сепак, нивната разделба не влијаела на односот на Шеика со нејзината мајка, таа со години има поддршка од неа во сè, но и нејзиното мислење ѝ е најважно на принцезата.