Новинарот и водител Огнен Јанески од јануари ќе ја преземе функцијата главен и одговорен урендик на Телевизија 24. Тој соопшти дека ја прифатил понудата за оваа функција и од новата година ќе соопшти за евентуални нови програмски форми.
– Поминав низ многу комуникации и соработки со досегашните главни и одговорни уредници на телевизијата и научив многу од нив. Колегите ми се постојана поддршка во се’ што правам, па така тоа и ќе продолжи понатаму, преку колективно живеење на сонот за медиум кој себеси се издигна за неколку години во водечките во Македонија – вели Јанески.
Тој доаѓа на оваа позиција, откако досегашниот главен и одговорен уредник на телевизија, Младен Чадиковски информираше дека се повлекува од уредништвото, но ќе продолжи да работи како новинар. Чадиковски влеи дека одлуката да с еповлече да донесол во моментот кога решил да се кандидира за претседател на Здружението на новинарите.