Компанијата Gilead Sciences Inc одлучи цената на лекот ремдесивир, за лекување на заболени од Ковид-19, да биде 390 долари за шише, во разивиените земји, соопшти извршниот директор Даниел О’Деј.
Кога ќе се земе предвид дека лекувањето просечно трае пет денови, износот кој пациентот би требало вкупно да го плати за тој лек е 2.340 долари.
О’Деј додал дека компанијата почнала преговори со производителите на генерички лекови за да се обезбеди сите земји во светот да имаат пристап до овој лек, така што во другите земји цената ќе биде значително пониска.
Инаку, Европскиот регулатор на 25 јуни условно да одобри уптребата на антивирусниот лек ремдесивир за лекување на заболени од коронавирус, што е прв лек кој добил препорака во Европа. Тој ја препорачува употребата на ремдесивир кај возрасни и деца на возраст од 12 години дијагностицирани со пневмонија за кои е потребен внес на кислород.