Фудбалерите на Барселона и Манчестер Сити одиграа пријателски натпревар во хуманитарни цели, меѓу обврските во домашните првенства, но фудбалерите на овие две големи екипи не се однесуваа хумано на крајот од натпреварот. При напуштањето на теренот, играчите кои заработуваат многу од фудбалот целосно ги игнорираа заболените од амиотрофична латерална склероза, за која беше организиран овој натпревар.
Намерата беше да се соберат средства за лекување на болните, но и поздравувањето на играчите со луѓето кои беа до самиот терен би било одличен гест на првотимците на шпанскиот и англискиот тим. Наместо сите да дојдат заедно и да се поздрават, тоа го направија само двајца играчи на Барселона.
На заболените од АЛС најпрво им пријде младиот играч од средниот ред Педри, а потоа стоперот Роналд Араухо, кој им посвети најмногу време на луѓето за кои се играше овој натпревар. Тој се поздрави со сите кои ги чекаа фудбалерите покрај теренот и на тој начин покажа дека за само неколку секунди може да излезе голем човек.
За разлика од младиот шпански фудбалер и Уругваецот кои го воодушевија светот со прекрасен гест, останатите играчи ноншалантно тргнаа кон соблекувалните, откако Барселона и Манчестер Сити одиграа без победник – 3:3.
https://twitter.com/i/status/1562568538698657793