Професорката Мирјана Најчевска повторно се огласи за судството.
„Што ни кажуваат нашите закачалки за правни одори наречени судии:
Дека е дозволено од собраниската говорница да се повикува на насилно уривање на уставниот поредок, но не и да се каже дека некој пратеник лаже.
Дека е дозволено од собраниска говорница да се повикува на создавање терористичка организација, но не и да се каже за некој пратеник дека мами.
Дека е дозволено повикување за финансирање тероризам но не и да се каже дека некој пратеник краде.
Не, овие судии не треба да се вратат назад на факултет, туку назад во основно училиште. Некаде 2 или трето одделение.“ напиша таа.