Српската претставничка на Евровизија Ана Ѓуриќ Констракта вчера го славеше својот 44-ти роденден, а по тој повод во еден белградски парк создаде концепт во свој стил.
Таа го објави видеото на Инстаграм и се пошегува: „Овде примам подароци“.
„Добар ден, сакав да ви кажам дека денес ми е 44. роденден. Јас сум во паркчето, чекам подароци. Најзабавно ќе биде ако никој не дојде“, им порачала музичарката на своите следбеници.
„Имаше деца, постари, случајни минувачи, луѓе од јавниот превоз кои дојдоа да ме посетат. Оваа ситуација траеше 44 минути, на мојот 44-ти роденден. Денеска станав милионерка. Од моја мила колешка добив подарок картичка од милион духовни долари. Одлично се чувствувам, ми се допаѓа. Кога ќе добијам подарок што не ми се допаѓа, јас се принудувам да ми се допадне. Па сè што е од срце може“, рекла Констракта за „Блиц“.
Инаку, музичарката за оваа пригода облекла бел костум по кој многумина ја препознаваат поради настапот на Евровизија каде годинава ја претставуваше Србија. Претходно таа позирала во црн комплет во парк.