Меган Маркл и принцот Хари од денеска официјално престануваат да бидат дел од кралското семејство, со сите свои титули, но и обврски. За Меган и Хари почнува нов живот, финансиски независен, а на тој пат се простија и од популарниот кралски профил на Инстаграм, каде ги следеше повеќе од 11 милиони следачи.
„Вртиме ново поглавје во нашиот живот и сакаме да придонесеме за светот на поинаков начин. Иако можеби нема да можете да не гледате повеќе тука, нашата работа продолжува. Веруваме дека секоја личност на овој свет има потенцијал да направи разлика. Ви благодариме за поддршката, инспирацијата и ангажманот како и вие самите би го направиле светот подобро место. Се веселиме на некоја нова прилика, бевте одлични. Дотогаш, чувајте се себе си и блиските“, напишале меѓу останатото Хари и Меган во прошталната објава.
Парот кој се пресели во Канада од април ќе мора сам да се финансира и повеќе нема да може да ги користи кралските титули. И порано беше познато дека нема да може да го користат зборот „кралски“ за своите брендови, па и профилот очекувано е изгаснат.