- Холандија
Образованието во Холандија се смета дека е со висок квалитет. Според извештајот на УНИЦЕФ за 2013 година, децата од Холандија се најсреќните во светот. Училиштата не задаваат премногу домашни задачи се до средно ниво, додека учениците пријавуваат мал притисок и стрес. Училиштата се поделени на верски и неутрални, со мал број на приватни школи.
- Катар
Катар во голема мера вложува во подобрување на образованието како дел од проектот “Визија 2030”. Училиштата кои се финансирани од владата нудат бесплатно образование само за државјани на оваа земја, додека многу странски државјани обично своите деца ги праќаат во приватни школи.
- САД
Во училишната 2016/17. година, САД беше домаќин на преку милион меѓународни студенти. Интернационалниот упис на студенти е зголемен во текот на изминатата деценија. Сега постојат двојно повеќе меѓународни студенти во САД отколку во осумдесетитте години од минатиот век.
- Финска
Финска веќе рутински го надминува рангирањето на глобалниот образовен систем и е позната по тоа што нема никакви системи на ограничување – сите ученици, без оглед на способноста учат во исти паралелки. Како резултат, јазот меѓу најсилните и најслабите ученици е најмал во светот. Финските училишта исто така даваат релативно мали домашни задачи и имаат само еден задолжителен тест кој се прави на 16 години.
- Сингапур
Сингапур се оценува доста високо во тестовите на Програмата за меѓународни студенти (ПИСА), која го мери и споредува влијанието на студентите во различни држави. Меѓутоа, училишниот систем на оваа држава е познат по тоа што ги става учениците под голем стрес уште во раните години.
- Швајцарија
Само 5% од учениците посетуваат приватни училишта во Швајцарија. Лекциите се подучуваат на различни јазици во зависност од регионот каде живеат, а најчести се француски, германски и италијански. Од средно школо, учениците се раздвојуваат зависно од способноста.