Две сестри близначки на возраст од 14 години, се меѓу десетте лица кои загинаа во експлозијата предизвикана од ударот на руски проектил во пицерија во градот Краматорск на истокот на Украина.
Јулија и Ана Аксенченко загинаа како резултат на нападот, соопшти градското одделение за образование.
„Со тага и неподнослива болка известуваме за смртта на двете сестри Аксенченко, Јулија и Ана, ученички од 24-то основно училиште во Краматорск“, се вели во соопштението.
„Оваа година завршија осмо одделение, а на 4 септември требаше да го прослават својот 15-ти роденден. Руска ракета го запре отчукувањето на срцето на двата ангели“.
Градоначалникот на Краматорск претходно потврди дека телото на момчето е извлечено од урнатините утрово.
Меѓу загинатите е и една 17-годишна девојка. Повредени се 61 лица.