Фитнес ѕвездата, Лиса Ленсфорд која е инспирација за повеќе од 3,7 милиони Instagram корисници, го доби првото дете со тренерот Роман Ленсфорд. Како и во текот на бременоста, така и по породувањето, Лиса со фотографии ги овековечува промените на нејзиното тело, не плашејќи се да го сподели тоа со своите обожаватели.
„Дами, ова е реалноста. Сакам да ги овековечам промените на моето тело по породувањето, како што го правев тоа и во текот на бременоста. Женското тело е апсолутно ФАСЦИНАНТНО! Никогаш не сум имала толкава љубов кон него“ – напиша таа на Instagram.
„Стомачето не исчезна веднаш по породувањето како што можеби гледате на социјалните мрежи. Сега е слатко и меко нешто“ – додаде таа.
Британската инструкторка забремени со помош на инвитро и на почетокот од бременоста не можела да тренира. По 12-тата недела, таа се почувствувала многу подобро и се вратила на фитнес тренинзите и вежбаше до раѓањето на синчето.
Лиса е свесна дека многумина ќе ја критикуваат поради нејзината одлука да се врати на физичката активност само 10 дена по породувањето. Но, таа вели дека го познава своето тело и знае што може, а што не.
И покрај тоа, по објавувањето на видеата од тренингот постпартум, Ленсфорд доби бројни критики и коментари дека требало да ужива во првите денови од мајчинството и доењето, а не да тренира. Но, таа има и огромна поддршка од жени кои ја сметаат за инспирација.