Хрватската спортска новинарка Мирна Зидариќ прележала коронавирус во јуни, откако се зарзила на „Адриа Тур“ во Задар, по кој позитивни беа и Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ и Борна Ќориќ. Таа покажа колкаво влијание вирусот може да остави на телото.
Имено, Мирна објави фотографија по четкање на косата и предупреди дека сите епидемиолошки мерки треба да се сватат сериозно.
– Не е некоја глетка, но имајте ја на ум секојпат кога ќе посакате да ја симнете маската или одбивате да ја носите. Ова е по едно четкање и така е секој ден, се надевам дека ќе трае уште кратко бидејќи ќе снема залихи,- порача таа на социјалните мрежи.
Пред неколку дена и глумицата Алиса Милано на својот Инстаграм споделила видео во кое видно потресена на обожувачите им покажува колу коса губи со само едно четкање, како последица од коронавирусот.
Инаку, како што покажаа истражувањата, опаѓањето на косата како резултат на стресот под кое телото е изложено на коронавирусот е едно од несаканите ефекти на оваа инфекција. Лекарите не се толку изненадени од овој феномен, особено затоа што зголемениот број на пациенти кои се опоравуваат од коронавирусот пријавуваат губење на косата по закрепнувањето од ковид-19.