Министерот за здравство Венко Филипче денес полни 43 години. Веројатно поради коронавирусот, овој ден и овој роденден е многу поинаков од сите досегашни.
Филипче како министер ја има најтешката задача во државата, борбата со корона вирусот и борбата да се спасат што е можно повеќе човечки животи.
Иако денес му е роденден, Филипче денот го мине работно, на терен. Тоа може да се забележи и од неговата утринска објава на социјалните мрежи.
“После пет децении целосно го реновираме објектот на специјалистичко-консултативниот оддел на Институт за трансфузиона медицина, како дел од долгорочната стратегија за унапредување на услугите во јавното здравство и подобрување на условите за работа на здравствените работници. За две и пол години ги подобривме условите во триесетина здравствени установи, а продолжуваме и понатаму да вложуваме во здравството како клучен сегмент.
Исто така, во одделот за хемостаза се реновирани и сите лабораториски простории и оформена е дежурна соба со што целосно се исполнети условите за 24-часовно покривање на потребите на клиниките за хемостатски анализи. Целосно е реновиран и Центарот за хемофилија и обезбедени се соодветни просторни услови за згрижување на пациентите со хемофилија и други коагулациски нарушувања.
Во специјалистичко-консултативниот оддел на Институтот за трансфузиона медицина се третираат пациенти со длабока венска тромбоза и површен тромбофлебит. Ова е честа патологија која се прави во Институтот. Исто така, се прават и хемостатски анализи на поголем број пациенти по индикација на лекари“ напиша Филипче на Фејсбук.