Имав одобрение за обнова на објектот, рече пред малку пред новинарите сопственикот на објектот пред ТЦ „Мавровка“ Мевљудин Алити, кој денеска се урива, објави Телма.
Според него, во таков случај не било важно со каков материјал ќе се обнови објектот, туку само да не излегува од постоечката површина.
Алити, кој го презентираше проектот за обнова пред новинарите, вели дека немало планирано да се гради втор кат.
–Не градев нов објект, туку го обновував изгорениот објект, кој предходно беше со метална конструкција, дециден е Алити.
Тој обвини дека некој сака да го отстрани од таа локација, која како сопственик ја поседува со децении. Алити рече дека вака и во минатот се рушело политички, потенцирајќи го случајот Космос.