Аманда Лепор (56), американска моделка и пејачка, го поседува најскапото тело на светот. Иако е родена како маж, на 19 години направила бројни операции за да стане жена. Животот го посветила на целта да изгледа како поп-иконата Мерилин Монро.
Во пластичните операции вложила толку многу пари што денес е позната како жената со најскапото тело на светот.
Покрај силиконските усни, задник, јаболчници и гради, Аманда ги оперирала и ребрата за да има тенок струк, а силиконски импланти има и во бутовите.
Со помош на бројните зафати, Аманда постигнала фигура на песочен часовник. Висока е 157 см, а мерките со кои се гордее изнесуваат 96-55-96.
За операцијата за промена на полот вели дека не била страшна, додека не ѝ бил ставен дилататор, направа што морала да ја држи за да се формира вагинален отвор, а тоа било како да носи нож во себе и тоа било најболното нешто што го искусила во процесот на формирањето на нејзиното неверојатно тело.
„Јас сум девојче откога знам за себе. Не можев да разберам зошто родителите ме облекуваат во машка облека, мислев дека се луди“, објаснила таа во една пригода.