Принцезата Кејт Мидлтон го посети колеџот Дерби по повод враќањето на офицер од самостојна експедиција на Антарктикот, која таа ја спонзорираше. Таа ги воодушеви присутните бидејќи се обиде да повлече две гуми од кои секоја тежела по 20 килограми.
„Морам малку да тренирам“, рече 41-годишната принцеза додека се обидуваше да ги повлече гумите. Тоа се гумите што капитенот на експедицијата Преета Чанди ги влечел по патиштата во Дерби за време на нејзиниот тригодишен тренинг период за да ја симулира тежината на санката.
Членовите на експедицијата го соборија светскиот рекорд за најдолга неподдржана соло поларна скијачка експедиција со поминати 922 милји за 70 дена и 16 часа. Кејт им се придружи на студентите кои учествуваа во активности кои сакаа да покажат колку е напорна експедицијата, како се подготвуваат и тренираа за неа и каква храна консумираат таму.
На крајот, принцезата, заедно со капетанот Чанди, разговараше со група студенти за градење на издржливост и ментална благосостојба во сите аспекти на животот. „Капетанот Чанди беше огромна инспирација за мене и беше прекрасно да се види нејзиното патување и она што таа успеа да постигне во оваа неверојатна цел“, рече Кејт, додавајќи:
„Искрено се надевам дека ќе ве инспирира сите да верувате во себе, да ги поместите границите и навистина да работите на сопствената издржливост бидејќи има толку многу моќни пораки кои навистина помагаат да ја одржите вашата емоционална и ментална благосостојба.“