Инбар Либерман (25), која е безбедносен координатор на село во близина на појасот Газа, предводела група жители кои убиле повеќе од две десетини терористи кои напредувале.
Либерман, која е дел од безбедносните сили во регионот од 2022 година, ги слушнала експлозиите кои одекнале утрината во саботата кога Хамас започнал смртоносен напад врз Израел, според „Walla News“.
Брзо сфатила дека звуците се различни од оние што ги слушала за време на вообичаените ракетни напади на кибуцот и побрзала да ја отвори оружарницата и да го подели оружјето меѓу 12-члениот тим за безбедност.
25-годишната девојка сама убила 5 терористи, додека остатокот од нејзиниот тим во период од 4 часа убиле уште 20 напаѓачи.
Нир Ам бил претворен во непробојна тврдина, додека блиските кибуци претрпеле поголеми загуби, пренеле „Walla News“.
„Беше неверојатно, мојот сопруг беше дел од единицата за подготвеност која работеше на спречување повеќе жртви. Ги слушнале истрелите и самите воспоставиле контакт со другите припадници на единицата за подготвеност и со Инбал, и им било кажано да почекаат“, изјавила Илит Паз за „Израел Хајом“.
Сепак, Инбал одлучила да не чека и да биде оперативна. Всушност, фактот што тие го направиле тоа утрината спречило десетици жртви.
„Кога сè ќе заврши, оваа жена ќе ја добие наградата Израел. Приказната за нејзиното херојство е приказна која со генерации ќе биде запишана во израелската традиција. Инбал е причината поради која на целата област има еден кибуц кој останал неповреден, а тоа е Нир Ам“, напишале на социјалните мрежи за херојството на младата жена.
Нир Ам е меѓу ретките заедници во кои терористите на Хамас се обиделе да влезат, но биле одбиени. Повеќе од 1.800 луѓе се убиени во војната меѓу Хамас и Израел, која започна сабота утрината со рекетирање од појасот Газа и влегување на вооружени екстремисти преку граничната ограда на јужна израелска територија.