Ќерката на легендарниот македонски пејач Гоце Николовски на денот на неговата смрт со потресна порака се сеќава на нејзиниот татко и вели дека не е сигурна дека сака да биде жив во ваква Македонија, да види дека неговите борби биле залудни.
Над фотографијата со нејзиниот татко која таа ја сподели на Фејсбук додава и дека нејзиниот татко секогаш ќе остане Македонец.
„16 декември. Секоја година на тој ден пишувам колку ми недостасува. Тата. Па сепак, оваа година не сум сигурна дека би сакала да е жив. Не би сакала. Не би сакала да биде поразен и победен, многу ја сакаше Македонија. Ова „Северна“ би го убивало. Страшно би било да почувствува деа некои борби ги водеше залудно. Дека неговите идеали се минато. Дека неговата Македонија не се вика веќе така. Би бил поразен и победен. Вака, за мене останува најголем Македонец. И најдобар. Татко. 14 години недостасуваш“ напиша Катарина Николовска на Фејсбук во чест на нејзиниот татко кој ја испеа безвременската „Бисер балкански“ и многу други хитови.