Владата денес ги објави имињата на хонорарците кои се ангажирани, а кои изминативе денови ја кренаа јавноста на нозе поради неоткривањето на имињата и за што земаат надомест.
„Како што беше најавено во текот на минатата недела Владата денеска ја објавува листата на лица кои се тековно ангажирани преку авторски договори за специфични задачи кои не може да се обезбедат од редот на вработените, откако претходно беа извршени консултации со Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер за модалитетот за заштита на личните податоци на соработниците опфатени со овие ангажмани.
Листата е достапна во секцијата Отворена влада на владината веб-страница, односно на следниов линк.