Премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, зад затворени врати во Клубот на пратениците одржаа повеќечасовна средба од каде излегоа со помирувачки изјави и договор да се одложи пописот.
-На лидерската средба е договорено да се одложи пописот, наместо во април ќе се одржи во септември, -ијави Мицкоски.
Околу вакцинацијата Заев известил дека во текот на април ќе стигнат околу 350.000 вакцини, а потоа до мај околу два милиони дози што е доволно да се имунизира целото населението. Од тој аспект, се согласиле пописот да биде одложен за петти или 30 септември, а апликацијата за дијаспората да остане активна дотогаш, додека локалните избори да бидат одложени за втората половина на октомври.
Веќе од утре ќе биде покрената постапка за изгласување на измените на изборниот законик за да се овозможи гласање со отисок на прст.Околу работата во Парламентот се согласиле ВМРО-ДПМНЕ да работи заедно со мнозинството на сите закони кои се однесуваат на интеграцијата на Македонија во ЕУ и сите закони што се однесуваат околу поддршката на економијата за пандемијата и другите од тој пакет.