Новинарите Љупчо Цветановски од ТВ АЛФА, Деjан Андоновиќ кој работеше во Сител Телевизија/Радио Слободна Македонија и1 ТВ, и Петар Серафимовски од Македонско радио, синоќа околу 02.00 часот по полноќ биле нападнати при излез од угостителскиот објект Александрија во Скопје од страна на поголема група од 7-8 луѓе.
Мотивите и идентитетот на напаѓачите засега се непознати.
Случајот е пријавен во полиција.