21-годишната Тамара Стојановиќ настрада во тешка сообраќајна несреќа која се случи во неделатаво Трбушница кај Лазаревац, Србија. Со неа во авомобилот била и нејзината другарка Јелена М., која е повредена. Во моментот на несреќатата Тамара го возела автомобилот кој се превртел на кров, излетал во нива и удрил во бетонска бандера.
-Тамара беше прекрасна личност, комуникативна и дружељубива. Не можеме да верувам, ужасна вест. Ги сакаше животните, имаше куче и секаде сакаше да оди со него. Беше вредна и им помагаше на родителите во салонот за мебел – рекла познаничка на Тамара.
Сила да зборува пред медиумите смогнала и една нејзина пријателка со која била неразделна. Како што таа вели, иако е свесна дека Тамара повеќе ја нема, сепак очекува да го слушне нејзиниот глас.
-Со Тамара почнав да се дружам од 1. година средно. Бевме неразделни, секој ден заедно, многу пати преспивавме една кај друга. Тамара беше весела девојка, позитивна и среќна. Многу ја сакав – рекла нејзината најдобра другарка.
Тамара живеела со својата сестра, мајка и татко. Работела во смеејната фирма.
-И сега ја барам и чекам да ми се јави, да ми каже: „Еј, жива сум, не сум загината, добра сум“ – рекла другарката на Тамара.