Кејт Мидлтон и принцот Вилијам присуствуваа на една добротворна свеченост во Лондон, а многу внимание привлече изгледот на војвотката од Кембриџ
Имено, Кејт се појави во црн капут, а под него имаше фустан, меѓутоа, стајлингот не е тоа што го коментираат корисниците на социјалните мрежи.
Тие се фокусираа на нејзиното лице, па велат дека Кејт не била адекватно дотерана за оваа прилика и оти изгледа многу заморено, но и дека тоа не успеала да го сокрие.
Фотографите забележаа и дека на палецот на десната рака имала повреда, со оглед на тоа што носеше фластер.