По писмото на македонски културни работници, уметници и граѓански активисти кои од премиерот Зоран Заев побараа да нема промени во управувачката структура на МКЦ, откако неофицијало во јавноста беше проширена информација дека прв човек на МКЦ ќе биде музичарот Бени Шаќири, на Фејсбук реагираше сетрата на Бени, Нора Шаќири Марковиќ.
„Скоро сите од таа листа лично ве познавам и, знаете што, попушите му понос, Љуби вас СЕСТРА“ им порача Нора на потписниците на писмото.
„Сестрата сака да ви се обрати
НЕ Е ПРОБЛЕМ НИ ПОТПИС НИ ПЕТИЦИЈА НИ ПОДДРШКА проблем е што се истрчавте со име и презиме за некој кој конкурирал, проблем е што вие осудивте човек што уредно аплицирал. Според вас никој ама баш никој не смее да се пријави на отворен конкурс. Ма зборувајте ми за вашите отворени умови и демократски капацитети, зборувајте ми за вашата дрскост и подметнување на имиња во вашата листа, на цели организации
Скоро сите од таа листа лично ве познавам и знаете што ПОПУШИТЕМУПОНОС
Љуби вас СЕСТРА “ пошува Нора на Фејсбук.