Нов моден хит на британскиот пазар. Британскиот моден бренд “Boohoo“ во понудата стави и боди со предна танга и муштериите го остави во чудо.
Веднаш почнаа коментарите на социјалните мрежи.
“ Ми потекоа солзи кога го видов ова злосторство против човештвото“, “Предна танга-два збора кои никогаш не смеат да бидат поврзани“ – се дел од коментарите.
Исто така многумина сметаат дека моделот на сликата е фотошопиран.
Инаку, бодито е направено од 95 одсто полиестер и пет одсто еластин, а “Дејли Меил“ пренесува дека целата колекција е распродадена.