На клиниката Гармиш-Партенкирхен е пронајден нов, досега непознат вид на коронавирус.
Во болницата во Гармиш-Партенкирхен, 73 пациенти и вработени биле тестирани позитивно на коронавирусот.
Минхенскиот „Меркур“ пишува дека досега непознат вид на вирус бил откриен кај три заразени лица.
Лабораториските асистенти во клиниката со помош на специјален лабораториски апарат утврдија неправилности во примероците.
Примероци на пациенти со новиот вид веднаш биле испратени во Берлин, каде детална анализа го потврди сомневањето дека станува збор за нова варијанта на короната. Засега е нејасно каква карактеристика има мутираниот вид што сега е откриен во Германија.
Од клиниката Гармиш-Партенкирхен посочуваат дека е нормално вирусот да мутира и потсетуваат дека од почетокот на пандемијата, утврдени се повеќе од 12.000 промени во низата на вируси ширум светот.
Поради појавата на мутираниот вирус, сите операции на клиниката беа откажани, а одделите во кои беше утврдена инфекцијата беа изолирани.