УБАВА ВЕСТ: Вакцините „Спутник В“ произведени во Србија добија дозвола за употреба

by Тони Зографски

Вакцините  „Спутник В“  произведени на Институтот Торлак во Белград, добија дозвола за употреба од страна на националниот регулатор, Агенцијата за лекови и медицински средства, потврди за Танјуг министерот во Владата на  Србија, Ненад Поповиќ.

„Тоа значи дека вакцините Спутник В „мејд ин Србија“ од денеска ќе почнат да се имплементираат на вакциналните пунктови ширум Србија”, рече  Поповиќ, кој е и претседател на Меѓувладиниот комитет за соработка со Русија.

Тој истакна дека досега на Институтот Торлак е произведено скоро 1,5 милиони дози од вакцината Спутник В и дека до крајот на годинава се очекува да бидат произведени најмалку 4 милиони.

Тој потсети дека производството на вакцината Спутник В на Институтот Торлак почна во јуни годинава , и дека Србија засега е прва и единствена земја во Европа која ја произведува Спутник В, вакцината.

Министерот Поповиќ и во оваа прилика и се заблагодари на Русија што она што било за другите земји строго чувана тајна, таа решила да ја подели со Србија.

останати вести