Работа која во некои земји трае неколку месеци, една година, дури и една деценија, Индијанците ја направија за помалку од пет дена.
За само 105 часа и 33 минути тие направија автопат долг 75 километри. Проектот, на кој работеле 720 лица, започнал на 3 јуни во 7:27 часот, а завршил на 7 јуни во 17 часот.
Неверојатниот успех влезе и во Гинисовата книга на рекорди.
Иако проектот се води како автопат, сепак тоа би можело да е малку и дискутабилно, бидејќи според достапните фотографии патот изгледа многу потесен. Коловозните ленти се физички одвоени, но патот е многу тесен, а не се предвидени ниту ленти за застанување.