Откако дознала за целата ситуација, Морган ги контактирала Аби и Бека и им ја раскажала целата ситуација. Но, наместо да се искараат, девојките се сретнале и одлучиле да ја раскинат врската со неверниот маж, а потоа започнале и да се дружат.Набрзо сфатиле дека го делат истиот сон, а тоа е да патуваат низ САД. Трите заедно купиле 30 години стар училишен автобус и одлучиле да го реновираат, а на крајот во целост го претвориле во место за живеење.

„Сите три брзо сфативме дека ќе бидеме добри пријателки. Јас веднаш знаев дека овие девојки се посебни“, изјавила Морган.
„Многу е важно да пронајдете група жени на која можете да се потпрете. Женските пријателства имаат голема моќ во себе откако навистина ќе пронајдете група во која припаѓате“, додала Бека.
Иако не се запознале во идеални околности, девојките тврдат дека не би промениле апсолутно ништо.

„Нештата низ кои поминавме оттогаш, искуствата кои ги имавме заедно и начините на кои се обликувавме една со друга – тоа не може да се повтори. Мислам дека ниедна од нас не би била онаква каква што е денес да не се случеше тоа“, заклучила Аби, пренесува „NY Post“.
Неодамна излезе и вест дека постои заинтересираност за снимање филм за нивната авантура, на што девојките се особено горди бидејќи сакаат да ги инспирираат другите со својата приказна.



