Речиси пет месеци по хеликоптерската трагедија која што се случи во Лос Анџелес, во која што животот го загуби легендарниот кошаркар Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум луѓе, истрагата објавила нови детали поврзани за падот на леталото.
Во средата било објавено дека пилотот Ара Зобајан кој што управувал со хеликоптерот, бил дезориентиран поради густата магла.
Тој до кулата пријавил дека ќе се искачи на 4.000 стапки (1.220 метри), но фактички хеликоптерот имал слегнувачка патека, и се урнал во ридот. Извештајот вели дека Ара Зобајан веројатно погрешно ги перцепирал аглите, што обично се случува кога пилотот е дезориентиран поради слаба видливост.
Експертите кои дадоа свое мислење веднаш по несреќата, исто така посочија дека пилотот најверојатно бил дезориентиран.
Финалниот извештај на Националната комисија за безбедност при транспорот ќе биде објавен за неколку месеци.