За Џенифер Лопез наголемо зборуваат дека некако магично го открила еликсирот на младоста на 54 години и изгледа речиси половина помладо.
Лице без брчки, совршени стомачни мускули, мека и сјајна кожа, затегнати колкови…
Многумина се согласни дека Џеј Ло е поим за женска убавина.
Сега нејзините нови фотографии ја обиколија планетата и привлекоа големо внимание. Џеј Ло направила серијал за познатиот бренд за женска долна облека и навистина делува како олицетворение на сензуалноста.
Таа позира пред објективот со „благо“ разбушавена коса која ѝ била стилизирана во пунџа, со заводлив поглед, во зелена, црна и чипкана долна облека. Па, штом се појавиле фотографиите започнале коментарите од нејзините фанови.
Фановите ѝ порачале дека изгледа никогаш подобро, но и дека овие нејзини фотографии треба да бидат предмет на научни студии за откривање на младоликоста.
Сепак, други нејзини фотографии ја прикажуваат во не толку идеално светло и можеби се доказ дека најновите нејзини фотографии малку се обработуваат.
И, не е лошо тоа да се сетите на тоа кога во огледало ќе почнете да ги барате мааните на себе, гледајќи ги совршените тела на славните на интернет.