Арон Тејлор-Џонсон уживал во друштво на неговата 24 години постара сопруга Сем на премиерата на филмот „Back to Black“ во Лондон.
Парот бил насмеан додека одел на црвениот тепих кој ѝ претходел на премиерата на биографскиот филм за Ејми Вајнхаус, „Back to Black“, во режија на самата Сем.
Парот останал доследен на насловот на филмот и за оваа пригода носел целосно црни комбинации. Сем се одлучила за долг црн фустан, кој го споила со црн кожен ремен и високи потпетици.
Арон носел црна кошула и панталони во иста боја, а изгледот го комплетирал со кожна јакна.
За потсетување, Арон и Сем се запознале на снимањето на филмот „Nowhere Boy“ во 2009 година кога тој имал 18, а таа 42 години. Тие се венчаа во 2012 година и сега се родители на Вајлд (13) и Роми Херо (11), како и на Анџелика (25) и Џеси (15) од првиот брак на Сем.
Арон неодамна изјави дека ги смета за „бизарни“ критиките од јавноста за 24-годишната разлика во годините на парот.
Појавувањето на парот доаѓа откако на Арон наводно му била понудена улогата на легендарниот таен агент Џејмс Бонд. Доколку ја прифати понудата, актерот од „Tenet“ ќе ги преземе уздите од Даниел Крег, кој го глумеше Бонд во вкупно пет филмови во период од 15 години.