На денешната прес конференција за буџетот за 2023, новинарот на ТВ Алсат, Мефаил Исмаили, му подари на премиерот Димитар Ковачевски леб заедно со фискалната сметка, со цел да му покаже дека најавеното поевтинување од 10% на некои основни прехранбени артикли го нема.
Ковачевски го зеде лебот од новинарот, како и фискалната сметка. Премиерот само кратко му одговори дека и тој го купува истиот леб и дека знае колку е цената.
Во повеќе наврати премиерот и министерот за економија најавија дека ќе се намалат основните прехрамбени продукти до 10 %.